Телеграф: АфД има план за уништување на Европската Унија
Германската десничарска партија Алтернатива за Германија (АфД) подготвила план за радикално преуредување на Европската Унија, кој, во случај на неуспех, би довел до распишување референдум за излез на Германија од блокот, пишува британскиот Телеграф. Лидерката на АфД, Алиса Вајдел, отворено најавува дека сака да ја претвори ЕУ во лабав сојуз на суверени држави, доколку успее да го собори канцеларот Фридрих Мерц и да ја преземе власта. „ЕУ веќе не е заедница на суверени држави. Одлуките повторно мора да ги носат националните парламенти и влади“, порача Вајдел во Европскиот парламент во Стразбур. Планот што го претставила е толку радикален што во практика би значел целосно разбивање на сегашната Унија, поради што функционерите во Брисел веднаш го отфрлиле како неприфатлив.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





