Мицкоски со конкретен чекор за заштита на новинарите
Одлуката на Владата да формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите претставува конкретен механизам кој гарантира дека новинарите можат слободно, професионално и без страв да ја извршуваат својата работа. Евиденцијата на Здружението на новинарите на Македонија сведочи за сериозноста на проблемот. Физички напади, закани по живот, заплашувања и уништување имот се дел од регистрираните случаи низ годините, меѓу кои нападот врз новинарската екипа на „Алсат-М“ при известување за пожар во Скопје во јули 2025 година, упадот во редакцијата на „Инфомакс“ во декември истата година и заканите по живот упатени кон новинарот Ерол Ризаов во август 2026 година. Овие случаи покажуваат дека безбедноста на новинарите не смее да зависи од околностите, темата за која известуваат или интересите на оние што се предмет на нивните новинарски прашања.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





