Дрон сними необично село во облик на букви
Според многумина интернет-корисници дрон направи величествени снимки од едно необично село во Општината Феланден, Швајцарија, каде што куќите се распоредени во облик на буквата „Ѕ“ или латинско „С / S“ или „О“. Oколу закривениот ред куќи се наоѓаат патеки, зелени површини, дрвја и грмушки, додека од надворешната страна, секоја куќа има своја сопствена градина. Есента внесе дополнително шаренило од бои во населбата. Покрај зелените дрвја, се истакнуваат лисја во нијанси на жолта, портокалова и светлоцрвена боја. На некои од покривите се поставени и соларни панели. https://www.youtube.com/watch?v=tHu0ff9QZcw Инаку, Феланден е општина во Кантонот Цирих, сместена во Округот Устер, на брегот на езерото Грајфензе. Според Историскиот речник на Швајцарија, меѓу 1950, и 1980 година, оваа некогаш рурална општина се пробразила во станбено подрачје населено главно со луѓе кои работат на други места. Бројот на жители нагло расте. Кон крајот на 2003., општината имала 6.707 жители, што значи дека за 20 години населението се зголемило за повеќе од 40 насто. Според податоците на Сојузниот завод за статистика од 2023., 18,5 отсто од жителите имаат 65 години или повеќе.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.



