КРАЈ НА СЕГАШНАТА ЕУ? АфД бара драстични промени и се заканува со „Декзит“
Германската десничарска партија „Алтернатива за Германија“ (АфД) подготви нов, обемен стратегиски документ со наслов „Суверени нации, заедничка Европа“, кој содржи радикален план за демонтирање на Европската Унија каква што ја знаеме денес. Текстот претставува досега најсериозен и најконкретен обид на партијата да ги редефинира односите меѓу Берлин и Брисел. Во него јасно се нагласува дека доколку европските институции одбијат суштински да ги намалат своите овластувања, крајниот чекор ќе биде организирање референдум за „Декзит“ – излегување на Германија од ЕУ. Документот, кој беше неодамна претставен во Европскиот парламент од страна на копретседателката на АфД, Алис Вајдел, се залага за укинување на наднационалниот карактер на ЕУ и нејзино враќање кон лабава конфедерација на независни држави. Според визијата на германската десница, сегашната структура на Унијата е „недемократска, премногу бирократизирана и го загрозува националниот суверенитет“ на нејзините членки.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





