Затворот во Струмица доби лулашки и лизгалки
Во затворот во Струмица е уреден простор со детски играчки и реквизити, наменет за најмладите посетители кои доаѓаат да ги видат своите родители и членови на семејството кои издржуваат затворска казна. Како што информираат од Управата за извршување на санкции, иницијативата произлегла од барањата на родителите и нивните семејства, кои укажале на потребата од посебно катче за децата за време на посетите. Со поставувањето на детските реквизити и играчки, од установата настојуваат да создадат попријатна атмосфера за најмладите и да им овозможат посодржаен престој додека ги посетуваат своите најблиски. Од Управата посочуваат дека активностите се дел од континуираното уредување и оплеменување на дворната површина на затворот, со цел подобрување на условите и за осудените лица и за нивните посетители. Во реализацијата на иницијативата поддршка дал и кошаркарскиот клуб АБА Струмица, на кој Управата му упати благодарност за придонесот во уредувањето на детското катче.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





