Скелет на диносаурус продаден за над 47 милиони долари
Скелет на новооткриен вид диносаурус - којшто претходно бил погрешно идентификуван како млад тираносаурус, е продаден на наддавање во Њујорк за 47,3 милиони долари (околу 42,42 милиони евра). Скелетот, висок околу три метри и познат под прекарот „Џоди“, беше продаден од аукциската куќа „Сотбис“ (Sotheby’s), една година откако истражувачите потврдија дека тој му припаѓа на посебен род од овие праисториски суштества, пренесува „Би-Би-Си“ (BBC). Се очекуваше овој месојад од доцната креда да достигне цена од најмалку 9 милиони долари; сепак, по 12-минутно наддавање меѓу шест заинтересирани страни, тој беше продаден за значително повисока сума. Идентитетот на купувачот не е откриен. Оваа продажба доаѓа по аукцијата на „Сотбис“ во јули, на којашто тираносаурус наречен „Гас“ беше продаден за рекордни 50,1 милион долари. Според тоа, „Џоди“ стана вториот највреден фосил од диносаурус продаден некогаш. На третото место е „Апекс“ - стегосаурус што во јули 2024 година достигна цена од 44,6 милиони долари. МИА…
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





