Старински домашен напиток: Направете си вкусен компот од дуњи
Компотот од дуњи е старински домашен напиток со прекрасен мирис и нежен вкус. Со малку цимет, ванила и лимон, дуњите стануваат уште повкусни, а компотот е подеднакво убав и топол и добро изладен. Потребни состојки: 2 дуњи 800 мл вода 50 г шеќер или по вкус 1 парче лимон 1 кесичка ванилин шеќер 2 прстофати мелен цимет или 1 стапче 10 каранфилчиња (по желба) Подготовка: Дуњите добро истријте ги со сунѓер за да ги отстраните ситните влакненца. Измијте ги, излупете ги и исечете ги на четвртини, па на осмини. Отстранете ги семките и тврдиот средишен дел, па исечете ги на коцки. Лушпите и средишниот дел со семките ставете ги во тенџере, прелијте ги со водата и варете ги на тивок оган 20–30 минути. Потоа процедете ја течноста и зачувајте ја. Во процедената течност додајте ги исечените дуњи, шеќерот, ванилиниот шеќер, парчето лимон, циметот и каранфилчињата. Варете на тивок оган околу 30 минути, додека дуњите омекнат. По десетина минути пробајте и, доколку е потребно, додајте уште шеќер. Оставете го компотот да се излади, па послужете го топол или добро разладен. Лушпите и средишниот дел со семките се богати со пектин, кои му дава на компотот природна густина и убава текстура.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





