Подготовка за средба меѓу Си Џинпинг, Трамп и Путин
Според изјавата за медиумите на Јуриј Ушаков, помошникот на рускиот претседател, „се разгледуваат можности за трилатерална средба на тројцата светски лидери Владимир Путин, Доналд Трамп и Си Џинпинг на маргините на самитот на АПЕК (азиско-пацифички регионален форум за економска соработка), во кинески Шенжен, на 18 и 19 ноември. За издвојување е дека Ушаков истовремено напоменува дека посебна билатерална средба меѓу Путин и Трамп сè уште не е усогласена. Значи, дипломатската врата е отворена, но договор сè уште не постои. „Ројтерс“ и „Вашингтон пост“ ја истражуваат суштината на оваа дипломатска иницијатива, при што во своите извештаи пишуваат дека всушност „Москва предложила разговори на маргините на самитот, но нема конечна согласност ниту утврдена агенда“. Според медиумските извештаи, „идејата е на Путин, со цел разговорот да се искористи и за наоѓање решение за војната во Украина“.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.



