Сител дознава: МВР уапси три лица за убиствата во Ѓорче Петров
МВР уапси три лица за убиствата во Ѓорче Петров, неофицијално дознава Сител ТВ. Вчера во Ѓорче Петров беше пронајдено безживотно тело на 76-годишна жена. Телото со видливи траги од насилство го пронашла нејзината ќерка која веднаш пријавила во полиција. Според соседите жената три години живеела сама, а последен пат ја виделе пред два дена. Во текот на ноќта пак ниту слушнале ниту забележале нешто невообичаено. Ова е второ убиство во Ѓорче Петров во последните 5 дена. Минатата недела МВР информираше дека 62-годишен маж со траги на насилство бил пронајден во сопствениот дом Засега се уште не се познати мотивите а од МВР се очекуваат официјални детали во текот на утрешниот ден.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





