Нова зимска маркација од Попова Шапка до Титов Врв
Новопоставената маркација на зимската планинарска патека од Попова Шапка до Титов Врв ќе биде промовирана денеска на Попова Шапка во рамки на Славков-проектот „Маркација на планинарски патеки во Северна Македонија“. Проектот е финансиран од амбасадите на Австрија, Чешка и Словачка, а го спроведуваат Планинарската федерација на Македонија и организацијата Одржливи авантуристички патувања – Скопје. На промоцијата е најавено присуство на амбасадорите на Австрија, Чешка и Словачка, градоначалниците на Тетово и Боговиње, претставници на Министерството за култура и туризам, Националниот парк „Шар Планина“ и други институции и организации вклучени во реализацијата на проектот.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





