Јанта Волеј со пораз на стартот на Челинџ Купот
Одбојкарките на Јанта Волеј Кисела Вода загубија од чешкиот Лви Прага со 0:3 во сетови во натпреварот од првото коло на Челинџ купот на ЦЕВ. На дуелот одигран во спортската сала во Куманово, гостинките славеа со 25:17, 25:6 и 25:15, за вкупно 68 минути игра. Кај Јанта Волеј, Дестини Нелсон беше најефикасна со девет поени, додека Матеа Попоска освои седум. Кај гостинките, Јана Дворжакова постигна 22 поена, а Јана Фиксова додаде 11. Реваншот ќе се одигра следната недела во Прага.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





