„Делови“ – изложба на Марко Угарковиќ во КЦ „Јадро“
Во Културниот центар „Јадро“ во Скопје на 1 ноември ќе биде отворена изложбата „Делови“ на Марко Угарковиќ, дипломиран филмски режисер и етаблиран македонски концертен фотограф. Преку фотографијата, Угарковиќ го истражува односот меѓу светлината, просторот и телото, создавајќи визуелни композиции во кои се преплетуваат драматичноста и сензуалноста. Во изложбата „Делови“, неговиот објектив е насочен кон балетот, не само како изведувачка уметност, туку и како дисциплина што бара физичка сила, издржливост, контрола и посветеност. Фотографиите ги откриваат напорот и часовите работа што стојат зад елеганцијата и совршенството на сценското движење. Секоја фотографија доловува миг во кој движењето е запрено, но неговата енергија продолжува да живее, откривајќи ја границата меѓу возможното и навидум недостижното. Изложбата ќе биде отворена за посетителите од 19 часот. Категорија: Култура Nadnaslov: Култура Слика за вест…
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





