Колку чини топол дом?
Со падот на температурите, растат и трошоците за затоплување на домовите, а дел од домаќинствата мора внимателно да пресметуваат колку можат да издвојат од семејниот буџет. За дел од граѓаните, обезбедувањето на соодветна температура во домот е предизвик, особено кога сметките за енергија се натпреваруваат со основните трошоци за живот. Во зимските месеци принудени се да издвојат значителен дел од финансиите за греење. Енергетската сиромаштија не значи само неможност да се платат сметките, туку и живеење во недоволно загреан дом. Граѓаните најчесто ги затоплуваат само оние простории кои ги користат. Главна карактеристика на енергетската сиромаштија е непостигнување на соодветна температура во домовите. Во Пелагонија но и во Македонија доминантно е огревното дрво како енергенс за затоплување сметајќи дека тоа е најекономично-експертите го посочуваат греењето со инвертер уреди за енергетски најисплатливо. Државата применува различни модели на субвенции за намалување на енергетската сиромаштија, но проблемот е во тоа што никој не врши контроли како и колку од набавените уреди се користат. Александра Максимовска Категорија: Економија Nadnaslov: Енергетика Слика за вест…
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.


