Студентскиот дом „Стив Наумов“ ги исполнува капацитетите, студентите задоволни од условите
Со целосно исполнет капацитет, „Стив Наумов“ е дом на близу 1.200 македонски студенти. Со современи услови за учење и живеење, комлетно обновени соби и модерна инфраструктура, студентскиот дом ги исполнува сите стандарди за квалитетно и достоинствено студентско домување. Условите во домот се одлични и ништо не недостасува, велат студентите коишто престојуваат таму. Тековните проблеми, коишто не се невообичаени за волку големи објекти, навремено се санираат, вели директорот на државните студентски домови во скопје. Апелира, студентите соодветно да се грижат за личните и заеднички простории. А во дворот на домот, повторно поставена бистата на патронот Стив Наумов, откако претходната беше украдена пред дестина години. Стив Наумов е македонски народен херој којшто на само 22 години, по жестока и нерамноправна битка, одбивајќи да се предаде на бугарскиот окупатор, херојски си го одзема животот, избирајќи ја смртта пред заробеништвото. Марија Котовска Категорија: Македонија Nadnaslov: Македонија Слика за вест…
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





