Aлкалоид без многу мака до триумф со Бутел
Ракометарите на Алкалоид ја оправдаа фаворитската улога и славеа на гостувањето кај Бутел Скопје со 24-29, во рамките на осмото коло од македонската Суперлига. Избраниците на Кире Лазаров уште од самиот почеток покажаа дека се дојдени по бодовите. Гостите од Автокоманда наметнаа свое темпо и по само десет минути игра стекнаа предност од четири гола (4-8). Алкалоид ја контролираше играта и во продолжението од првото полувреме, па на паузата замина со предност од 12-15. Ниту продолжението не донесе значителни промени на теренот. Гостинскиот состав продолжи сигурно да го гради својот резултат, а на десет минути пред крајот стигна и до највисоката предност од шест гола (17-23), со што практично го реши прашањето околу победникот.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





