Хрватскиот голгетер од Динамо може да се пресели во Премиер лигата!
Напаѓачот на Динамо Загреб, Дион Дрен Бељо оваа година постигна 45 гола на 42 настапи за клубот и репрезентацијата, а со три погодоци во Лига Европа го дели првото место на листата на стрелци. Одличните настапи го привлекоа интересот на Евертон, кој наводно сака да го доведе уште во јануари. „Евертон размислува за ангажирање на Бељо во јануари. Напаѓачот на Динамо е приоритет за клубот. Бељо оваа сезона постигна 17 гола на 16 натпревари, откако минатата сезона ја заврши со 38 погодоци. Сепак, Динамо има силна преговарачка позиција бидејќи договорот на Бељо важи до 2030 година. И покрај тоа, Евертон би можел да започне со реализација на трансферот уште оваа зима“, пишуваат островските медиуми.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





