Мицкоски: Целта е јасна – да бидеме земја во која работата обезбедува достоинствен живот
Националната програма за достоинствена работа 2026 – 2030 претставува заедничка обврска на Владата, работодавачите, синдикатите и институциите за унапредување на условите на пазарот на труд, обезбедување квалитетни работни места и поголема заштита на работничките права, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на свеченоста по повод потпишувањето на програмата. Како што соопштуваат од Владата, Мицкоски истакна дека програмата е насочена кон надминување на предизвиците со кои се соочува државата, меѓу кои недостигот од квалификувана работна сила, иселувањето на младите, недоволната продуктивност и неусогласеноста меѓу образовниот систем и потребите на стопанството. Според него, целта е економскиот раст да се преточи во подобар животен стандард за граѓаните и отворање квалитетни и добро платени работни места.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





