Долниот дом на италијанскиот Парламент цел на хакерски напад
Информатичките системи на Долниот дом на италијанскиот Парламент неодамна беа цел на хакерски напад, што ги погоди елекстронските пошти на бројни пратеници, вклучувајќи го и налогот на премиерката Џорџа Мелони, која таа го има како пратеничка, објави денеска Анса. Според извештаите, иако нападот бил од големи размери и го опфатил целиот систем, техничкиот персонал успеал да го стави под контрола. Кога станува збор конкретно за налогот на премиерката, владини извори појаснија дека не станува збор за поштата што таа ја користи за владина комуникација. „Не станува збор за вонредна ситуација“, нагласија извори од Долниот дом на парламентот, забележувајќи дека вакви инциденти се случуваат секој ден. Истите извори додадоа дека се преземени сите заштитни мерки, во соработка со Националната агенција за кибербезбедност (ACN), со која постои воспоставен протокол. Овие мерки може да вклучуваат привремено исклучување на одредени функции на ИТ-системот, во согласност со стандардната постапка. Според Анса, се чини дека слични обиди за напади и притисоци врз ИТ-системите се интензивирале во последните неколку дена, насочени кон други национални, европски и меѓународни институции. МИА…
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





