МОЏТАБА ХАМНИЕ: Иран и натаму управува со Ормуската теснина
Врховниот водач на Исламската револуција Сејед Моџтаба Хосеини Хамнеи денеска изјави дека Иран продолжува да управува со Ормуската Теснина и да се грижи за зачувување на националната и регионалната безбедност, националното единство и зајакнување на односите со соседите. За време на средбата со секретарот на иранскиот Врховен совет за национална безбедност, Мохсен Резаи, тој рече дека е потребно да се зајакне националната кохезија и да се поттикне меѓусебната доверба меѓу народот и службениците, објави агенцијата Тасним. „Очајот на непријателот е еден од плодовите на националниот отпор“, рече Хамнеи. Тој оцени дека навременото информирање на јавноста е неопходно за да се одржи учеството на народот во одбраната на земјата и политичкиот систем. За време на средбата, Резаи го информира врховниот лидер за состојбата во земјата во различни области и за напорите што се преземаат за решавање на постојните проблеми.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





