Македонија меѓу шесте земји домаќини на европскиот CASSINI Space Camp 2027
35 млади ќе учат како со вселенски технологии да решаваат предизвици на Земјата Македонија е избрана за една од шесте земји во кои ќе се одржат CASSINI Space Camps во 2027 година, иницијатива на Европската комисија преку Генералниот директорат за одбранбена индустрија и вселена (DG DEFIS). Локален организатор е NewMan’s Business Accelerator, кој од 10 до 18 јануари 2027 година ќе го реализира деветдневниот резиденцијален камп „Mission Macedonia 2030: Solving Earth Challenges with Space“. Кампот ќе обедини 35 млади од цела Македонија, на возраст од 14 до 18 години, избрани преку отворен повик, кои ќе имаат можност да учат, експериментираат и работат со повеќе од 40 домашни и меѓународни експерти, предавачи и ментори од областа на вселенските технологии, науката, инженерството, вештачката интелигенција и претприемништвото.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





