Вештачка интелигенција почнува да работи како лекар: Прашува, па бара тестови и поставува дијагноза
„Мајкрософт“ развил нов систем со вештачка интелигенција (ВИ) што не поставува дијагноза само врз основа на сите податоци добиени одеднаш, туку работи чекор по чекор – слично како лекар. Системот прво одлучува што треба да го праша пациентот, потоа кои прегледи и тестови се потребни, ги анализира резултатите и постепено ја менува работната дијагноза, пишува „Ројтерс“. Во тестирање со повеќе од 300 невообичаени и сложени медицински случаи, ВИ-системот бил повеќе од двојно попрецизен од општи лекари кои при решавањето на случаите можеле да користат учебници и интернет. Истражувачите велат дека алатката била подобра и во сценарија земени од голема база на приеми во ургентни центри. Разликата е во начинот на кој системот доаѓа до одговорот. Наместо веднаш да ги анализира сите симптоми, лабораториски резултати и снимки, таканаречениот „оркестратор“ координира повеќе симулирани клинички експерти и одлучува кој треба да биде следниот чекор. Потоа, според новите информации, повторно ја проценува дијагнозата и решава дали се потребни дополнителни тестови.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.




