Еврото го губи здивот во трката на валутите
Новите геополитички случувања ја намалуваат вредноста на еврото, кое изминатиов период падна на најниското ниво во последната година и повеќе. Дополнително, економистите посочуваат дека и во следниот период се стравува дека вредноста на еврото ќе продолжи да се намалува, а тоа очекувано ќе изврши влијание и врз македонската економија. Еврото бележи пад во однос на доларот во поголемиот дел од 2026 година и од почетокот на годината ослабе за околу пет проценти, но на почетокот на октомври падна на 1,12 долари, што е најниско ниво од почетокот на 2025 година. Со оглед на поврзаноста на македонската економија со европската и фактот дека најголем дел од соработката на домашните извозни компании се поврзува со европската економија, очекувано е да има рефлексија и врз случувањата во домашната економија. Но клучното прашање е колкав и каков ефект ќе имаат промените на вредностите на двете светски најбарани валути.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





