Печена тиква со мед и ореви во air fryer
Потребни состојки: 300 г тиква мед по вкус кафеав шеќер по вкус сечкани ореви Начин на подготовка: Тиквата ја чистиме од кората и семките, па ја сечеме на парчиња со посакуваната големина. Во корпата на air fryer ставаме хартија за печење, а врз неа ги распоредуваме парчињата тиква. Секое парче го посипуваме со малку кафеав шеќер. Печеме на 180 °C околу 30 минути, а потоа ги превртуваме парчињата и печеме уште 10 минути на 200 °C, додека тиквата убаво не зарумени и не омекне. Времето на печење може малку да се разликува зависно од видот на тиквата и големината на парчињата. Печената тиква ја редиме во чинија, ја посипуваме со ореви и ја прелеваме со мед. Послужете ја топла.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





