Ван Гал удри по УЕФА: Ги интересираат само парите, ова е корумпиран свет!
Легендарниот тренер Луј Ван Гал упати остри критики кон Европската фудбалска унија (УЕФА) поради новиот формат на Лигата на шампиони (ЛШ). Ван Гал ја обвини УЕФА дека приоритет ѝ се парите, наместо квалитетот на натпреварувањето. Тој смета дека проширувањето на ЛШ и промените во системот ја нарушуваат идејата во елитното натпреварување да настапуваат само најдобрите екипи. „Смешна е промената која ја направи УЕФА. Сега секој може да учествува. УЕФА мисли само на пари. Ова е корумпиран свет. Натпреварувањето се вика Лига на шампиони, зарем не? Најдобрите тимови треба да играат во него“, кажа Ван Гал.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





