Сиљановска: Уставот e општествен договор меѓу граѓаните и државата
По повод 35-годишнината од донесувањето на Уставот, претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова имаше средба со претставници на Македонското здружение на млади правници, придружени од други правници, одбрани на конкурс. Сиљановска-Давкова, која беше надворешна членка на Уставната комисија во 1991 година, најпрво го изрази својот став за концептот, содржината и структурата на Уставот, а потоа ги презентираше фазите на неговото донесување, со посебно внимание на подготовката на нацрт уставот, којшто беше ставен на јавна дискусија, од којашто произлегоа бројни забелешки на преднацртот и предлог измени. Таа ја опиша атмосферата во којашто се одвиваше дебатата меѓу пратениците, стручната група којашто го подготви работниот текст и експертите. Претседателката начелно, позитивно го вреднува Уставот од 1991 година, повикувајќи се на компаративните уставни решенија, на оценката на релевантни меѓународни институции и конституционалисти, но укажа и на проблематичните решенија што не го положиле тестот на времето.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.


