Дебата за здравствената заштита во казнено-поправните установи во земјава
Канцеларијата на Народниот правобранител, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска организира тематска дебата за степенот на обезбедување здравствена заштита во казнено-поправните установи во земјава. Дебатата ќе ја отворат народниот правобранител, Фатон Сељами, и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал. Заменик-народниот правобранител Соња Трифуновска ќе ги презентира клучните наоди од спроведеното истражување за степенот на обезбедување здравствена заштита во казнено-поправните установи и казнено-поправните домови. На тематската дебата ќе учествуваат и претставници на Управата за извршување на санкциите, Министерството за здравство, како и претставници на казнено-поправните установи и домовите.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.




