
Новиот мобилен оператор во Македонија ќе ја користи сателитската мрежа „Старлинк“ (Starlink) на милијардерот Илон Маск – соопшти министерот Александар Николоски во емисијата „360 степени“ на МРТ 1. На прашањето дали телекомуникациската компанија „4иГ“ гради своја 5Г-мрежа, Николоски рече дека тие веќе објавиле стратегиска соработка и дека Македонија ќе биде меѓу првите земји во кои оваа технологија ќе се имплементира директно. На дополнително прашање – дали постои ризик Маск да го прекине пристапот како во Украина, министерот рече дека станува збор за чисто комерцијален договор.
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





