ЧУПИЌ: Треба да им се оддолжиме на фановите
Пред натпреварот во ЛШ помеѓу Вардар 1961 и Мелсунген, тренерот на „црвено-црните“, Иван Чупиќ, ги истакна клучните точки. Тој вели дека германскиот тим Мелсунген ја има фаворитската улога, со оглед на нивниот квалитет и искуство во европските натпреварувања. „За жал ни следи последниот натпревар во Лигата на шампионите. Мелсунген доаѓа тука да ја избори главната фаза, а ние да покажеме дека по два домашни порази повредени сме во клупската гордост. За навивачите и за сите околу амбиентот треба да се оддолжиме. Победата во Нант и евентуалната победа над Мелсунген нека биде порака до сите да не се откажуваат од нас. Имаме уште многу до крајот на сезоната, и во Европа и во домашниот шампионат и треба да се поправиме за двата домашни порази. Време е тој негативен тренд да го прекинеме“, вели хрватскиот стратег…
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





