Утре без вода Батинци и повеќе улици во Чаир
Поради планирани работни активности на водоводната мрежа, утре (27 октомври) без вода ќе останат корисници во Батинци и на повеќе улици во скопската општина Чаир, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, повикувајќи се на известување од ЈП „Водовод и канализација“. Поради чистење на резервоарот во Батинци, водоснабдувањето во ова населено место во општина Студеничани ќе биде прекинато од 9 часот до завршување на работните активности. Во општина Чаир, поради исклучување на стара водоводна мрежа на улицата „Чаирска“ бб, без вода ќе останат корисниците од улиците „Чаирска“, „Отокар Кершовани“, „Васил Аџиларски“, „397“, „Мимар Синан“, „Албански националдемократи“ и „Петар Георгиев“.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





