Северна Македонија
Извор: nezavisen.mk

Почнува театарскиот фестивал РУТА

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:

Шест претстави од водечки театри од регионот, четири монодрами и три театарски работилници се дел од програмата на петтото издание на меѓународниот театарски фестивал РУТА, кој од денеска до 31 октомври ќе се одржува во Драмски театар Скопје. Во текот на фестивалската недела, на сцената „Ристо Стефановски“ ќе гостуваат театарски ансамбли и продукции од сите членки на Регионалната унија на театри (РУТА). Македонската публика ќе има можност да проследи претстави на Белградско драмско позориште, Камерни театар 55 од Сараево, Казалиште Улисис во копродукција со САРТР, Местно гледалишче Љубљана и Центарот за култура од Тиват. Годинашното издание воведува и нова фестивалска програма „МоноРУТА“, во чии рамки ќе бидат изведени четири монодрами од Србија, Хрватска, Црна Гора и Македонија. Македонскиот претставник е монодрамата „Џеки“ во изведба на Трајанка Илиева Вељиќ. Претставите ќе се играат на Академската сцена на Факултетот за драмски уметности.
Прочитај го целиот напис на Nezavisen

Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.

Коментари

Коментари

Разговор за приказната на izvor.

Најави се за коментирање
  1. Започни разговор за оваа приказна.