Извор: centar.mk
Отворени Деновите на медиумска писменост 2026

Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
Скопје, 26 октомври 2026 – Од денеска до 2 ноември ќе се одржат Деновите на медиумска писменост 2026 (ДМП), организирани од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Мрежата за медиумска писменост (ММП). Со нив, нашата држава по осми пат се приклучува кон одбележувањето на Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО. Програмата за ДМП 2026 е достапна на линкот. Како што истакна заменикот на директорот на АВМУ Мухамер Беќири на денешната прес-конференција, Деновите на медиумска писменост ќе се одвиваат под мотото „Сите имаме своја улога“, кое е директно поврзано со темата на Глобалната недела на УНЕСКО, „Сите имаме своја улога – Медиумска и информациска писменост за луѓето“. Клучната порака годинава е токму тоа – секој поединец, секоја организација, институција, секој медиум, со еден збор, секој од нас, да размисли како може да придонесе за да бидеме сите повешти во препознавањето на злонамерните или неточните информации, како времето поминато пред екранот да го употребиме корисно, како можностите што ги нуди вештачката интелигенција да ги искористиме за добробит.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.