Извор: meta.mk
Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ одат во втор круг на изборите во Брвеница

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
Предвремените избори за градоначалник на општината Брвенциа ќе имаат и втор круг за две недели. Според резултатите објавени од Државната изборна комисија, на првото гласање најголем број гласови освоија кандидатите на коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Стојанчо Радичевски и Аркин Јахиј. По обработката на изборните податоци, по првиот круг води Стојанчо Радичевски од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 38,9 отсто од гласовите, на второ место е Аркин Јахиј од Националната алијанса за интеграција со 28,4 проценти. Според ДИК Радически освоил 2.943 гласа, а Јахиј 2.152 гласа. Трет е Јакуп Усеини од Влен со 1.528 освоени гласа, по него е Јовица Радески од коалицијата предводена од СДСМ со 706 гласови, а независните кандидати Душан Богдановски и Арифе Идризи освоиле 55, односно 21 глас.
Копчето „Отвори оригинал“ ја отвора страницата на издавачот во ново јазиче, надвор од мрежата izvor.
Инсталирај ја нашата апликација и следи ги најновите настани од твоите држави и теми.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.