Извор: meta.mk
Македонската земјоделка Вангелина Пармачка избрана меѓу 100 жени херои на ФАО

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
Вангелина Пармачка е земјоделка од беровското село Будинарци која е меѓу избраните 100 жени од целиот свет во иницијативата на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) „100 жени херои во агро-прехранбените системи и руралниот развој“. Таа минатата недела ја претстави Македонија на Светскиот форум за храна во Рим, каде што доби признание во седиштето на ФАО. Во Будинарци, Вангелина заедно со своето семејство управува со фарма со околу 600 овци и произведува традиционално овчо сирење и е секојдневно е вклучена во грижата за животните, производството и пласманот на производите. Таа смета дека сточарството е начин на живот и професија од која може да се обезбеди достоинствена егзистенција. „Ова е благодарна професија од која може чесно да се живее. Горда сум што сум земјоделка и што со заедничка работа ја обезбедуваме егзистенцијата на нашето семејство“, вели Вангелина.
Копчето „Отвори оригинал“ ја отвора страницата на издавачот во ново јазиче, надвор од мрежата izvor.
Инсталирај ја нашата апликација и следи ги најновите настани од твоите држави и теми.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.