Извор: mkd.mk
Денес Алберта гласа, на Канада ѝ се заканува отцепување на една од најбогатите провинции

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
Жителите на Алберта денеска одлучуваат дали ќе започне процес за распишување обврзувачки референдум за отцепување од Канада. Премиерот Марк Карни предупредува дека победа на сепаратистичката опција би предизвикала опасна неизвесност во време кога трае трговската војна со Соединетите Американски Држави, пишува Еуроњуз. Анкетите покажуваат дека независноста ја поддржуваат помалку од една четвртина од жителите на оваа западноканадска провинција. И покрај тоа, во пресрет на гласањето, целото внимание е насочено кон излезноста и прашањето дали мотивираниот сепаратистички табор, во услови на пасивност на приврзаниците на федерацијата, може да постигне неочекуван резултат. „Не дозволувајте никој да ви каже дека ова е веќе решено. Излезноста ќе го одреди исходот“, рече Карни на собирот во четвртокот. Карни, кој пораснал во Алберта, референдумот го нарече „опасен блеф“ во време кога американскиот претседател Доналд Трамп воведува казнени царини и се заканува со анексија за да ја скрши решителноста на Канада.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите се издвоени од насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Предлози од насловот
Теми што ги следиш
Копчето „Отвори оригинал“ ја отвора страницата на издавачот во ново јазиче, надвор од мрежата izvor.
Инсталирај ја нашата апликација и следи ги најновите настани од твоите држави и теми.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.