Северна Македонија
Извор: sport1.mk

Ристовски: Го решивме проблемот што 12 години го кочеше македонското пливање

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:

По повеќе од 12 години, македонското пливање конечно исплива на површина. Националната пливачка федерација (НПФ) со поддршка од Министерството за спорт, го надмина долгогодишниот проблем со блокираната сметка и целосно се враќа во функција. Решавањето на овој проблем е значаен чекор кон финансиска и организациска стабилизација на Федерацијата и создавање услови за понатамошен развој на македонското пливање. На денешната прес-конференција, на која присуствуваа министерот за спорт, Борко Ристовски, и претседателот на Националната пливачка федерација, Сашо Лазаревски, официјално беше соопштено дека обврските се исполнети и проблемот е надминат.
Прочитај го целиот напис на Sport1

Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.

Коментари

Коментари

Разговор за приказната на izvor.

Најави се за коментирање
  1. Започни разговор за оваа приказна.