Извор: mkd.mk
Трамп сака Орбан да биде шеф на ОН

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се залага поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан да стане нов генерален секретар на ОН, се наведува во извештај кој се повикува на извори од три земји. Американските функционери му го претставиле предлогот на Орбан и го поттикнале да се вклучи во трката. Иако покажал интерес, тој сè уште не донел конечна одлука за кандидатурата, пишува Џерусалем пост. Според извештајот, во Вашингтон, врз основа на претходните разговори, веруваат дека кандидатурата на Орбан би ја поддржале и Русија и Кина, што би можело да го направи заеднички кандидат поддржан од сите три велесили. Функционери од САД и од уште една земја наведуваат дека Вашингтон, Москва и Пекинг, кога ќе постигнат согласност за некое прашање во Советот за безбедност, обично можат и да ја спроведат својата одлука.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.