Извор: centar.mk
Филипче: 5 тони дрога водат до луѓето во Србија, а компаниите до Мицкоски

Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција постети на случајот со петте тони дрога кои поминаа низ македонската граница и поврзаноста на луѓе од српскиот политички врв и компании во Македонија блиски до премиерот Христијан Мицкоски. Филипче посочи дека тоа јасно се гледа од информациите од преписките на апликацијата „Скај“ и средбите на српски функционери со македонски политичари. „Укажав и на шверцот, односно веројатно договорениот трансфер на дрогата преку граница,пет тони дрога. Во „Скај“ преписките, пред некое време, излезе дека сите од власта во Србија биле вовлечени во наркобизнисот. Од највисокиот врв, преку директорите на БИА и Гашиќ и Вулин и така натаму. Луѓето кои што тука имаа средби и со Христијан Мицкоски и со Максим Димитриевски. Пет тони дрога кои што директно водат до овие луѓе во Србија, а компаниите овде кај нас имаат директна релација со фирми блиски до премиерот Христијан Мицкоски“, рече Филипче.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.