Северна Македонија
Извор: skopje1.mk

Се разгледува можноста за воведување работна недела од четири дена

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:

Потрошувачката кошница за четиричлено домаќинство во септември изнесувала 58.117 денари, што е за 358 денари помалку во споредба со август. Сепак, во однос на јануари годинава, таа е зголемена за 1.736 денари, односно за 3,1 процент. Податоците беа презентирани на седницата на Економско-социјалниот совет, на која се разговараше и за работата во недела, неработните денови и можноста за воведување четиридневна работна недела. Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, истакна дека новата методологија има цел да обезбеди потранспарентен и пореален приказ на трошоците на домаќинствата, кој ќе послужи како основа за креирање економски и социјални политики. Според Министерството, пресметката опфаќа 11 категории трошоци и 101 прехранбен производ. Се користат податоци од Државниот завод за статистика за осум градови, цени на овошјето и зеленчукот од 23 пазари, како и информации од пет големи и три регионални трговски синџири.
Прочитај го целиот напис на Skopje1

Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.

Коментари

Коментари

Разговор за приказната на izvor.

Најави се за коментирање
  1. Започни разговор за оваа приказна.