Извор: nezavisen.mk
Грција годинава очекува нов туристички рекорд

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
Во 2026 година се движиме кон уште еден историски рекорд во туристичките посети и приходите, бидејќи до август, бројот на посетители се зголеми за 10 отсто, а приходите за 9,4 проценти во споредба со минатата година, посочи потпретседателот на грчката Влада Костис Хаѕидакис говорејќи на отворањето на Самитот за туризам во градот Ретимно на Крит (Rethymno Tourism Summit 2026), јави дописничката на МИА од Атина. Хаѕидакис нагласи дека на меѓународно ниво, Грција е меѓу првите десет земји според туристичката посетеност, што, како што истакна, претставува голем национален успех. Сепак, додаде дека не е доволно секоја година да се брои колку туристи ја посетиле земјата и колку пари потрошиле, туку дека треба и да се размислува за иднината, бидејќи „самиот успех создава нови барања во однос на инфраструктурата, животната средина, вработените и секојдневниот живот на жителите“.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.