Извор: smartportal.mk
Речиси сите „AI“ модели во еден тест го дадоа истиот „контроверзен“ став за луѓето

Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
Сајтот ModelCompare им го постави истото прашање на 13 јазични модели по три пати, а 32 од 38 одговори го кажаа истиот став Сајтот ModelCompare, кој нуди споредување на одговорите од повеќе „AI“ модели на едно место, објави експеримент во кој 13 јазични модели ги прашале кој е нивниот најконтроверзен став за луѓето. Секој модел одговорил по три пати, без системски инструкции и без повторни обиди, а прашањето барало искрен „личен став“, без оградување. Според ModelCompare, 32 од 38 одговори го кажале истиот став, односно дека луѓето повеќе ѝ се лојални на својата група отколку на вистината, па прво го прифаќаат нејзиниот став, а потоа измислуваат причини за него. Секој од моделите го дал овој одговор барем еднаш, а осум од нив сите три пати.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.