Извор: mkd.mk
За едно деноноќие приведени се 7 возачи

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
Изминатото деноноќие полицијата, на различни локации во државата, приведе седум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, четворица управувале возило без положен возачки испит и тоа: В.К. (24) и К.Е. (42) двајцата од Скопје, Б.О. (62) од Куманово и А.Ј. (18) од селото Боротино, Општина Кривогаштани. Под дејство на алкохол возеле Г.З. (34) од Косевица, Општина Македонска Каменица и М.В. (41) од Пчиња, Кумановско, кој имал и активна забрана за управување на возило. Додека, пак, Ф.В. (28) од Скопје, управувал патничко возило со активна забрана за управување на возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.