Северна Македонија
Извор: mrt.com.mk

Бензините поевтинуваат за 5 денари, дизелот останува со иста цена

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:

Од ноќеска на полноќ се намалуваат максималните малопродажни цени на бензините, додека цената на дизелот останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според новата одлука, литар Еуросупер БС-95 ќе се продава по максимална цена од 91 денар, а Еуросупер БС-98 ќе чини 93 денари за литар, што претставува намалување од 5 денари. Цената на Еуродизел БС (Д-Е V) останува непроменета и ќе изнесува 99 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за 0,50 денари и ќе чини 110 денари за литар. Од друга страна, цената на мазутот се зголемува за 0,694 денари за килограм и ќе изнесува 54,273 денари. Од РКЕ посочуваат дека во одлуката се земени предвид движењата на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, како и промената на курсот на денарот во однос на доларот. Утврдените цени се максимални, што значи дека трговците можат да ги формираат малопродажните цени и под утврденото највисоко ниво. Категорија: Економија Nadnaslov: Горива Слика за вест…
Прочитај го целиот напис на MRT

Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.

Коментари

Коментари

Разговор за приказната на izvor.

Најави се за коментирање
  1. Започни разговор за оваа приказна.