Извор: mkd.mk
Чупиќ: Сакаме со победа да им се оддолжиме на навивачите!

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
Вардар во среда од 18:45 часот го пречекува Мелсунген во последниот натпревар од Лигата на шампионите, црвено-црните ги загубија шансите за следната фаза, но играат за својата гордост. Тренерот на Вардар, Иван Чупиќ, вели дека ќе го дадат максимумот за да го победат германскиот тим и покрај тоа што овој натпревар нема резултатско значење за македонскиот тим. „Не очекува уште еден меч од ЛШ, за жал тоа е последен натпревар за нас во ова натпреварување. Мелсунген доаѓа тука да си избори место за главната фаза. Ние по два порази во „Јане Сандански“ сакаме да победиме и да им подариме на навивачите триумф. Тие не бодреа максимално, сакаме да им се оддолжиме на нашите навивачи и да им кажеме да не се откажуваат од нас дека имаме уште цела сезона пред нас и во Лига Европа и во македонската лига. Ќе зборувам и со играчите дека мора да го прекинеме негативниот низ во „Јане Сандански“ и да им се оддолжиме на навивачите“, вели Чупиќ.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.