Извор: denesen.mk
ТРАМП ЗА НАСИЛНИТЕ ПРОТЕСТИ: Франција гори, затворете ги границите и преземете контрола

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
Американскиот претседател Доналд Трамп во објава на „Truth Social“ ги коментираше насилните протести што за време на викендот ја зафатија Франција и ги повика француските власти да ги затворат границите и да ја преземат контролата врз ситуацијата. – Франција гори! Имиграцијата на луѓе од сосема поинаков свет, луѓе со омраза во срцата, ја уништи таа некогаш голема земја. Затворете ги границите и преземете контрола, пред да биде предоцна!, напиша Трамп. Неговата реакција доаѓа откако протестите – првично поттикнати од високите трошоци за живот и лошата состојба на јавните услуги – прераснаа во насилни немири во неколку француски градови. Властите проценуваат дека синоќа во протестите учествувале околу 550.000 луѓе, додека организаторите тврдат дека бројката е поблиску до 800.000. Според француските медиуми, најмалку 1.800 лица се уапсени за време на судирите со полицијата, а повредени се повеќе од 500 полицајци, жандарми и пожарникари. Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека вечерва ќе и се обрати на нацијата во врска со ескалацијата на насилството.
Копчето „Отвори оригинал“ ја отвора страницата на издавачот во ново јазиче, надвор од мрежата izvor.
Инсталирај ја нашата апликација и следи ги најновите настани од твоите држави и теми.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.