Извор: nezavisen.mk
Мирјана Карановиќ и Светозар Цветковиќ со „Нив веќе ги нема“ гости на Албанскиот театар во Скопје

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
Претставата „Нив веќе ги нема“, во продукција на организацијата „Хартефакт“, вечерва ќе гостува на сцената на Албанскиот театар во Скопје. Како што информираат организаторите, „Нив веќе ги нема“ темата за геноцидот во Сребреница ја обработува преку интимна приказна за загубата, сеќавањето и стравот од заборав. Во фокусот е ликот на Садика, преживеана од Сребреница, која живее сама во старечки дом во Холандија, а нејзините сеќавања ги откриваат животите и судбините на луѓето што ги загубила. Продукцијата е развивана повеќе од четири години и комбинира сценска изведба со звучен концепт што му овозможува на секој гледач претставата да ја следи преку слушалки, низ гласови и фрагменти од минатото кои ја обликуваат приказната.
Копчето „Отвори оригинал“ ја отвора страницата на издавачот во ново јазиче, надвор од мрежата izvor.
Инсталирај ја нашата апликација и следи ги најновите настани од твоите држави и теми.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.