Извор: republika.mk
Лина Настевска и Драган Николов од Скопје во финалето на Топ модел Европа
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
Скопје беше домаќин на балканското полуфинале на Топ модел Европа (Top Model Europe), кое неодамна се одржа во Музејот на македонската борба за самостојност.Младите модели Лина Настевска и Драган Николов ги добија гласовите на публиката и обезбедија директен пласман во големото финале, Топ модел Европа , кое ќе се одржи на 6 декември во Белград, Србија.Модна креаторка на висока мода во Париз и директорка на Топ модел Европа, Шалева, како организатор на овој настан успеа да ги спои младите модели и дизајнери, бидејќи покрај натпреварувачкиот карактер, ова беше добра можност за обединување на младите таленти, модните креатори и уметници.„Платформата има за цел да открива и промовира нови лица, да ја поттикнува самодовербата и да им овозможи на младите модели да ги покажат своите способности, да стекнат искуство и да направат чекор кон европската и меѓународната модна сцена.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.