Северна Македонија
Извор: meta.mk

ДИК ги измеша бројките за Брвеница, ја признаа грешката по реакциите на „Порталб“

Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.

Државната изборна комисија (ДИК) направи грешка при читањето на податоците за одѕивот на гласачите до 09:00 часот за Општина Брвеница. По реакцијата и прашањата испратени од редакцијата на „Порталб“, од ДИК го признаа пропустот, појаснувајќи дека станува збор за пермутација со податоците од вториот круг. За време на редовната прес-конференција одржана во 9 часот, претставниците на ДИК изјавија дека одѕивот на граѓаните во Општина Брвеница до тој момент изнесувал 5,33%. Сепак, на официјалната веб-страница на ДИК за следење на резултатите и одѕивот во реално време, евидентираниот процент за оваа општина изнесуваше само 2,45%.
Прочитај го целиот напис на Meta.mk

Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.

Коментари

Коментари

Разговор за приказната на izvor.

Најави се за коментирање
  1. Започни разговор за оваа приказна.