Извор: vecer.mk
Инцидент на пистата 18: ТУРСКИ „ЕРБАС“ НАМЕСТО КОН ЈУГ, ТРГНА КОН СЕВЕР
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
Патнички авион на турската компанија „Пегасус ерлајнс“ минатата недела се обиде да полета во погрешна насока на аеродромот во Франкфурт. Германската контрола на летање го опиша инцидентот како исклучително редок. Авионот „Ербас А321“, кој требаше да лета за Истанбул, во вторникот почна да полетува на пистата во погрешна насока. Пилотите го прекинаа полетувањето при брзина од околу 65 километри на час, потврди вчера портпаролот на Германската контрола на летање (DFS). „Тоа не се случува често, особено не во Германија“, рече портпаролот.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.