Извор: novamakedonija.com.mk
Републиката се брани од сопствениот народ, а Европа од сопствените принципи

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
Диктатурите на XXI век не мора да дојдат со тенкови пред претседателските палати, ниту со спектакуларно укинување на уставите. Понекогаш доволно е „стравот да стане политичка програма“, исклучокот да се претвори во практика, а „незадоволниот граѓанин во безбедносна закана“. Републиката не паѓа со еден удар Токму тука се наоѓа најсериозното предупредување за Франција под Емануел Макрон. Не станува збор за лесно изедначување на современата француска држава со диктатура, туку за прашањето колку долго една демократија може да ја одржува стабилноста со инструменти што ја поткопуваат довербата врз која почива. Кога социјалниот револт првенствено се третира како проблем на јавниот ред, политиката се повлекува пред полициската логика. Кога протестот се сведува на безбедносна закана, државата можеби успева привремено да ги испразни улиците, но не успева да ги отстрани причините поради кои граѓаните излегле на нив. А токму тоа е суштината на француската криза. Имено, држава што располага со моќни институции, но сè потешко создава чувство дека тие институции навистина им припаѓаат на граѓаните.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.