Извор: mkd.mk
Во КИЦ Софија сеќавање на Ѓорче Петров низ драмата на Коле Чашуле

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
По повод убиството на Ѓорче Петров, извршено на една од софиските улици, денеска во Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе се одржи настанот „Црнилата на себеубивањето“, посветен на книжевното толкување на еден од трагичните настани во македонската политичка историја. Во фокусот на настанот е драмското творештво на Коле Чашуле, особено драмскиот текст „Црнила“, во кој убиството на Ѓорче Петров станува повод за продлабочено промислување на историските заблуди, идеолошките судири и трагичните последици од разединувањето во македонското револуционерно движење. „Црнила“ е дел од драмскиот циклус на Чашуле, во кој влегуваат и драмите „Суд“ и „Житолуб“. Трите дела обработуваат значајни моменти од македонската политичка историја на почетокот на XX век.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.